Wednesday, April 27, 2016

Власите во Македонија во средниот век

Потекло и територија
За потеклото на Власите има различни објаснувања некои велат дека тие се староседелци кои живееле на оваа територија уште пред доаѓањето на старословените, а други велат дека Власите се доселиле од Дакија денешна Романија откако Романија бил освоена од Римјаните. Како и да е Власите живееле во помали или поголеми групи на територииите на денешна Македонија, Бугарија, Албанија и Грција уште пред да се населат Словените тука. Нивниот јазик спаѓа во латино-романската група на јазици и тие имаат свој јазик и свој фолклор а себе си се нарекуваат Арм'њ. Тие имале посебен начин на живеење, одгледувале овци на номадски начин и затоа не се задржувале на едно место подолго време односно не создавале материјална култура.

Историја и начин на живеење
За првпат името на Власите се поменува во VIII век во едно Житие на светогорските манастири во кое се наведува дека биле покрстени неколку словенски племиња Ринхини и Сагудати, но и Влахоринхини а тоа се Власите. Тоа значи дека Власите го примале христијанството заедно со Словените и дека се мешале со словенските племиња.
Византијските писатели пишувале за Власите дека се номади од април до септември живееле на високите места на планините и ги паселе стадата, а на есен оделе во потоплите јужни краишта. Не граделе куќи туку имале шатори и само дрвени садови кои им биле најпотребни. Населбите кои ги правеле со шатори на планинските места во летните месеци биле наречени мандри. Тие го преработувале млекото, правеле сирење. Биле многу вредни и штедливии доста вешти во работата со стоката.
Власите се занимавале и со земјоделство. Биле истакнаи управници, трговци, војсководци и политичари. Од 983 до 986 Самоил го запоседнал градот Лариса, а управникот на градот влавот Кекавмен го молел Самоил да му дозволи на граѓаните да го посејат со жито и на лето да го ожнеат. Потоа Византијците го смениле влашкиот управник на градот Кекавмен и Самоил го освоил градот Лариса и новиот управник бил во служба на Самоил.
Власите и Словените во Тесалија поради големите даноци кои им ги наметнал византскиот цар во 1066 година. Византсикиот цар со тешка мака успеал да ги смират, но морал да ги прифати нивните барања.

Во средниот век Власите се спомнуваат во областите Костур, Преспа во Тесалија, Солун и Сер околу Струмица и во други помали места во Македонија.

Пропаѓање на Македонија под Османлиска власт

Во втората половина на XIV век османлиите ги зачестиле нападите врз Серската држава. Јован Углеша го повикал својот брат Волкашин за му помогне. Собрале 60.000 војници. Тие на чело со браќата Јован Углеша и Волкашин трганле во борба против османлиите. Во 1371 година стигнале до реката Марица. Ноќта меѓу 25 и 26 септември се водела битката а Марица во која загинале двајцата браќа.

            По поразот на Марица и смртта на Волкашин, Прилеското кралство го наследил кралот Марко. Тој се обидел да се договори со другите христијански владетели за заедно да се борат против османлиите но не успеал. За да го заштити  својот народ преговарал со Османлиите и станал нивен вазал. Во 1385 гоидна тој им плаќал данок на османлиите , султанот го помагал во војните со својата војска. Во исто време вазал на Османлиите станал и Константин Драгаш.
            И покрај тоа што кралот Марко имал вазален однос со османлиите, тие продолжиле да ги напаѓаат македонските градови. Го освоиле Прилеп, Битола Кратово а во 1392 година го освоиле и Скопје. Кралот Марко и Константин Драгаш продолжиле да се борат за сулстанот, па во борбата со Влашкиот војвода Мирче во битката кај Ровине во 1395 година тие загинале.
Кралот Марко ковел сребрени монети, градел цркви, обновувал запуштени имоти, а по неговата смрт и по смртта на Константин Драгаш Македонија потпаднала под османлиска власт.
Градот Солун бил византијски град во 1430 година бил освоен од османлиите.

Грижата на кралот Марко била голема па за да го заштити народот се борел за османлиите.

Самостојни феудални држави во XIV век

Откако српскиот цар Душан умрел Српското Царство се распаднало, големите феудалци не  ја призавале власта на царот и си содале свои господства.
Во Македонија во 14. Век биле создадени 3 држави Серска држава, прилепско Краство и државата на Јован и Константин Драгаш.
Серска држава
Била основана од деспотот Јован Углеша бо 1365 година во југоисточна Македонија. Центар бил градот Сер. Јован Углеша бил поддржан од Византијците како деспот бидејќи сакале да го придобијат како сојузник во борбата против османлиите.  Во негово деспотсво спаѓале градот Сер со околината, Струмица, Драма, Кавала и полуостровот Халкидики со Света Гора. На исток државата се протегала до реката Места и се граничела со Османлискиот султанат, а на запад се протегала до реката Вардар и се граничела со териториите на Волкашин. Ова држава бил подржувана и од Охридската архиепископија. Тој има давал имот на Света Гора за да градат манастири. Државата често била напаѓана од Османлиите. За да се спаси од засилените напади на Осамнлиите тој на помош го викал својот брат кралот Волкашин и заедно собрале војска која се борела на реката Марица во 1371 година но во таа битка загинал. Бидејќи немал свои наследници го наследил неговиот внук синот на Волкашин кралот Марко.
Прилепско кралство
Волкашин во времето на владеењето на српскиот цар Душан имал висока функција, па по смртта на царот Душан, Волкашин станал најугледна личност во дворот на царот Урош. Во 1365 година бил крунисан за крал и станал престолонаследник на кралот Урош. По четири години во битката на Косово поле тој ги победил српските кнезови и жупани и од тогаш владеел самостојно. Ја проширил територијата кон Призрен, Приштина и Ново Брдо. Престолнината му се наоѓала во Прилеп и краството било познато како Прилеспско краство. Во 1371 година неговиот брат Јован Углеша го викнал на помош во борбата против османлиите и во битката на Марица заедно загинале. Тој бил  независен владетел ковал пари, имал дворска канцеларија, соработувал со странски држави најмногу тргувал со Дубровник. Градел цркви и манастири.
Државата на Јован и Константин Драгаш
Јован Оловер имал многу имоти по долината на реката Брегалница стеканал многу богатсво од злетовските рудниците за злато и сребро. Ова област ја наследиле браѓата Јован и Константин Драгаш. Тие ја признала власта на Волкашин, а по неговата смрт се осамостоиле во североисточна Македонија. Нивна престолнина била градот Ќустендил (Велбужд). Нивната држава се протегала меѓу реките Вардар и Струма со градовите Мелник и Струмица на југ, Прешево и Врање на север. Кога постариот Јован умрел со државата управувал помалиот Константин. За да ја зачува власта станал вазал на османлиите.