Потекло и територија
За потеклото
на Власите има различни објаснувања некои велат дека тие се староседелци
кои живееле на оваа територија уште пред доаѓањето на старословените, а други
велат дека Власите се доселиле од Дакија денешна Романија откако
Романија бил освоена од Римјаните. Како и да е Власите живееле во помали или
поголеми групи на територииите на денешна Македонија, Бугарија, Албанија и
Грција уште пред да се населат Словените тука. Нивниот јазик спаѓа во латино-романската
група на јазици и тие имаат свој јазик и свој фолклор а себе си се
нарекуваат Арм'њ.
Тие имале посебен начин на живеење, одгледувале овци на номадски начин и затоа
не се задржувале на едно место подолго време односно не создавале материјална
култура.
Историја и начин на живеење
За првпат
името на Власите се поменува во VIII век
во едно Житие на светогорските манастири во кое се наведува дека биле покрстени
неколку словенски племиња Ринхини и Сагудати, но и Влахоринхини а тоа се
Власите. Тоа значи дека Власите го примале христијанството заедно со Словените
и дека се мешале со словенските племиња.
Византијските
писатели пишувале за Власите дека се номади од април до септември живееле на високите места на планините
и ги паселе стадата, а на есен оделе во потоплите јужни краишта. Не граделе
куќи туку имале шатори и само дрвени садови кои им биле најпотребни. Населбите
кои ги правеле со шатори на планинските места во летните месеци биле наречени мандри. Тие го преработувале млекото,
правеле сирење. Биле многу вредни и штедливии доста вешти во работата со
стоката.
Власите се
занимавале и со земјоделство. Биле истакнаи управници, трговци,
војсководци и политичари. Од 983 до 986 Самоил го запоседнал градот Лариса,
а управникот на градот влавот Кекавмен го
молел Самоил да му дозволи на граѓаните да го посејат со жито и на лето
да го ожнеат. Потоа Византијците го смениле влашкиот управник на градот
Кекавмен и Самоил го освоил градот Лариса и новиот управник бил во служба на
Самоил.
Власите и
Словените во Тесалија поради големите даноци кои им ги наметнал византскиот цар
во 1066 година. Византсикиот цар со тешка мака успеал да ги смират, но морал да
ги прифати нивните барања.
Во средниот
век Власите се спомнуваат во областите Костур, Преспа во Тесалија, Солун и Сер
околу Струмица и во други помали места во Македонија.
фала многу
ReplyDelete